Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Максим Димитриески најави нова градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата Авној

Изградба на нова градинка во населбата „Зелен Рид“ во Куманово со капацитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на нова градинка во населбата „Зелен Рид“ во Куманово со капацитет за 400 деца, најави кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово и кандидат за нов мандат, Димитриевски истакна дека со новиот, голем капитален објект ќе се излезе во пресрет на потребите на жителите на оваа населба, но и пошироко. Ќе биде на  локација за која во минатото биле издвојувани големи износи на финансии како отштета за поранешните сопственици на земјиштето.

– Дојде време денес да се обезбедат средства со кои ќе се изгради нова детска градинка за повеќе од 400 деца. Исто така, целосно урбано ќе се среди целиот простор околу, со што дополнително ќе се придонесе за облагородување на изгледот на оваа населба, нагласи Димитриевски.

Реклама

За оваа населба, Димитриевски најави изградба и довршување на сите краци од улицата „АВНОЈ“, како и целосно поставување на фекална канализација, со што дефинитивно ќе се надмине деценискиот проблем за жителите што живеат во тој дел на Куманово.

– За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно, порача Максим Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните да му  дадат поддршка и во вториот круг за, како што порача, Куманово да продолжи да расте и да се развива.