Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Фатен осомничен извршител на разбојништва во продавници за брзи кредити во Скопје, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Тој влегол во објектот и седнал на едно од столчињата за странки, а кога оштетената го прашала колку пари сака, осомничениот извадил пиштол и ѝ рекол да ја отвори касата. Вработената, исплашена за сопствениот живот, од фиоката ја извадила касата, ја ставила на бирото и ја отворила, па осомничениот ги зел сите пари кои биле внатре и избегал.

Три дена подоцна, од објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, осомничениот на сличен начин, заканувајќи се со пиштол, го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари. Ја напуштил продавницата, упатувајќи се во правец на плоштадот „Македонија“. По пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец. По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска.

Реклама

Со оглед на тоа, јавниот обвинител оцени дека се уште постои висок ризик тој повторно и сега да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и веројатност да го повторува делото, па од судијата на претходна постапка обвинителството побара да му биде определена мерка притвор.