Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник. 

Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“. 

„Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат“, рече Герасимовски. 

Реклама

Граѓаните, упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година.