Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за нов систем на енергетски ефикасни згради, кој ќе придонесе за подобрување на условите за живеење, зачувување на животната средина и разубавување на урбаното јадро на Општината, се вели во соопштение од неговиот ПР тим.

„Преку грантови од Општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Секоја зграда е дел од идентитетот и имиџот на нашата општина. Затоа, старите фасади ќе добијат автентичен и  достоинствен изглед, што не само што ќе го разубави Центар, туку ќе им донесе на граѓаните подобра енергетска заштеда и помали сметки за греење ,“ изјави Лабудовиќ.

Овој систем претставува дел од пошироката стратегија за зелена и одржлива општина, која предвидува не само визуелно унапредување, туку и долгорочна економска корист за жителите. Преку поставување фотоволтаични панели на покривите и модернизација на хидрантските и водоводните системи, ќе се овозможи значителна заштеда на енергија и вода, што е во согласност со најсовремените европски стандарди за енергетска ефикасност.

Реклама

„Центарци заслужуваат убав, сигурен и достоинствен живот. Со овие реконструкции, ќе го зачуваме духот на нашите згради, ќе го одржиме нивниот архитектонски карактер, а истовремено ќе му дадеме нова енергија на просторот каде живееме,“ нагласи Лабудовиќ.

Проектот ќе се реализира во повеќе фази, почнувајќи од најстарите и најоштетени фасади, со цел секоја зграда да добие нов и, во исто време, енергетски ефикасен надворешен изглед. Покрај тоа, ќе се воведат и стимулации за управителите на згради и станбените заедници кои активно ќе се вклучат во процесот, со што ќе се поттикне колективната одговорност и партнерството меѓу Општината и граѓаните.

„Нашата цел е Центар да остане автентичен, но обновен, зелен, модерен и енергетски ефикасен. Да создадеме градско јадро што не ја заборава својата историја, туку ја гради својата иднина на одржливи темели,“ заклучи Лабудовиќ.

Со овој проект, Општина Центар ќе стане пример за современо урбано управување, каде грижата за естетиката, енергијата и животната средина се спојуваат во едно – за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации.