Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Есенско Пазарче“ во кумановско Ново Село, промоција на локални производи и рурален развој

Во кумановското Ново Село утре со почеток во 10 часот, пред „Туршијара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во кумановското Ново Село утре со почеток во 10 часот, пред „Туршијара Суперкиз“  ќе се одржи третото издание на „Есенското Пазарче“, настан кој има за цел промоција на локалното производство и развојот на руралните средини, информираа денеска организаторите, локалното здружение за рурален развој „Ума сто“.

– На пазарчето ќе учествуваат околу дваесет мали производители од Умин Дол, Ново Село и поширокото кумановско подрачје. Посетителите ќе имаат можност да купат домашен ајвар, туршии, сокови, мармалади, слатка, месни и млечни деликатеси, како и други автентични производи подготвени според традиционални рецепти, изјави Роза Трајковиќ еден од основачите на „Ума Сто“ и организатор на настанот.

Покрај продажниот дел, програмата ќе вклучува забавни и рекреативни активности, работилница за најмладите со природни материјали и можност за изнајмување велосипеди со кои посетителите ќе можат да го разгледаат Ново Село и соседното село Умин Дол. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Дел од приходите, како и доброволните донации собрани преку поставените QR-кодови, ќе бидат наменети за обнова на стогодишна камена куќа што здружението „Ума Сто“ планира да ја стави во функција за понатамошен развој на селскиот туризам. Здружението „Ума Сто“ е активно од 2022 година и има седиште во селото Умин Дол. Неговата мисија е поттикнување на руралниот развој, со особен фокус на руралниот туризам. Во рамките на своите активности, здружението организира два поголеми настани годишно и повеќе помали активности со цел да ги привлече домашните и странските посетители и да придонесе за оживување на овие две села.