Потребно е враќање на довербата кај граѓаните, промена на реториката на политичките елити, поразлична кампања од онаа на која сме навикнати последните три децении – неопределените гласачи да излезат и да ја дадат поддршката за некоја од понудите на маса во вториот круг од локалните избори.
Политичките партии во пресрет на вториот изборен круг се обидуваат да ги мобилизираат гласачите, но и да ја придобијат групата на неопределени – традиционално најтешката цел во секоја кампања. Експертите, сепак, предупредуваат дека ентузијазмот кај оваа категорија граѓани е на ниско ниво и дека помеѓу два круга е речиси невозможно да се направи значаен пресврт. Според првиот човек на Институтот за демократија, Марко Трошановски, бројката на гласови може да биде променета единствено преку политичките и коалициони комбинаторики.
Многу тешко неопределените би можеле да се мобилизираат посебно помегу два круга. Излезноста на овие избори е околу 49% имајќи предвид дека нашиот Избирачки список брои онолку луѓе кои живеат и тука ама и тие што се иселени ние имаме поголема излезност. Ако се земат гласачите само оние кои е во земјава ќе изгледа дека има повеќе излезност. Околу 60% тоа е нормално за многу земји. Многу луѓе имаат право да не се заинтересирани за политика и во многу земји таква излезност е тешка. Оние кои биле демотивирани и го поништиле ливчето сигурно дека нема да се премислат со вториот круг. Очекувам да ја зголеми бројката комбинаторики помеѓу партиите. Тие коалиции ќе го зголемат бројот но тоа нема да бидат неопределените туку политички пазари. Неопределените ќе останат неопределени и разочарани, вели Трошановски.

Дека кај неопределените има разочарување покажува и бројката на неважечки ливчиња која од избори до избори се зголемува. Според Трошановски, неопределените може да се мобилизираат само преку стекнување доверба во подолг период, а не помеѓу два круга.
Видливо е од бројот на неважечки ливчиња луѓето се повеќе се отуѓуваат од политиката. 11 илјади порано 50 илјади сега. Значи има тренд на зголемување на неважечки ливчиња и тоа се акт на револт. Треба да се промени пристапот и начинот на водење на една кампања. Да се промени реториката и праксата немам волшебна формула како неопределените да се активираат во растојание меѓу два круга. Тоа е доверба која се браќа со години. Апатичноста и недовербата не може да се смени толку брзо. Треба да се стекне доверба низ подолг период на конзистентност, додава Трошановски.
Инаку, првиот круг на локалните избори заврши со 44 нови градоначалници. Во 33 општини ќе има втор круг, а во три ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во 32 општини, а опозициската СДСМ во три. ДУИ во 4, ВРЕДИ во 5. За Град Скопје, силите ќе си ги одмерат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица, додека кандидатката на СДСМ Каја Шукова, беше четврта по бројот на освоени гласови.
