Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец ќе биде опфатена со Мастер планот за одржлив развој на туризмот, поддржан од AFD и Министерството за туризам, кој ќе ги утврди идните чекори за развој на одржлив и целогодишен туризам.

Ова е договорено на редовниот состанок на Регионалниот Комитет за развој на туризмот, каде што биле дискутирани мерките и подготовките за зимската сезона 2025–2026 година.

-Добра вест за Пустец и целиот регион е започнувањето на процесот за изработка на „Мастер план за одржлив развој на туризмот“. Општина Пустец ќе биде активен соработник и целосно ангажирана во овој процес, со цел искористување на извонредните потенцијали на регионот на одржлив и балансиран начин, информираа од општината.

Реклама

Додаваат дека посебно била вреднувана работата на промоцијата на регионот, како важен чекор кон развој на туризмот и агротуризмот, еден од најголемите потенцијали што ги нуди овој крај, што во изјава неодмна го потврди и градоначалникот Пали Колефски.

– Во изминатите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи. Освен домашни и посетители од Македонија, од година во година се зголемува бројот на туристи од многу европски земји, кои, како што самите велат восхитени се од убавините на нашата општина. Очекуваме годинава да биде надминат бројот од 80 илјади туристи колку што ја посетиле општината минатата година, рече Колефски.

Очекува годинава да биде надминат бројот од 80 илјади туристи колку што минатата година ја посетиле општината, која со своите природни убавини, езерската шир и многуте цркви и манастири, станува се попосакувана дестинација за туристите.