Реклама
Прилози

Сотир Лукровски или Стевчо Јакимовски- чиј концепт ќе победи во Карпош?!

Два различни принципи во битката за Карпош, многу ветувања, проекти. Во вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два различни принципи во битката за Карпош, многу ветувања, проекти. Во вториот круг се борат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој влезе како победник со освоени 34.5% од гласвоите и актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, поддржан од коалицијата „Искуство за успех“, кој бара петти мандат, а во втор круг влегува со 29.4%.

Лукровски ветува дека ако биде избран ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење. Вели во Карпош има два фронта, еден на потрошени играчи, непринципиелни коалиции и луѓе кои успеаја да ги распорадат парковите, а втората опција е онаа која ќе ја врати довербата кај граѓаните. Најавува субвенции за замена на лифтови, фасади и брави со шифра за сите згради, инвестиции во училишта, градинки, игралишта, базени, паркинзи и ново јавно претпријатие „Карпош план“.

-Спремни сме заеднички да го формираме, да биде гарант на нашите заложби за Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба, таму каде што има простор за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што, има простор за училишта, за паркинзи. Не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае по шест ката, по седум ката, домување да, меѓутоа не згради, изјави Лукровски.

Реклама

Стевчо Јакимовски фокусот на кампањата повеќе го стави на тоа што правел во досегашните четири мандати кои ги доби во комбинација со различни политички субјекти. Тој ветува нови фасади, копање бунари, субвенции за фотоволтаици, проект за пензионерите да учат како да користат електронско банкарство. Јакимовски вети и субвенции од 2.500 евра за купување на електрични автомобили, како и обезбедување инфраструктура и полначи за истите.

-Еве уште една авангарда, уште една новина, бушењето на бунарите, за да обезбедиме техничка вода за наводнување, нема да имаш проблеми летоска, немало притисок има, си имаш вода во двор ако ти треба за било што, имаш алтернатива. Знаеш ли што значи за било што да имаш алтернатива  Проектот што го даваме за пензионерите нели е оригинален. Проектот што го даваме за пензионерите нели е оригинален, пензионерите да се обучуваат за електорнско банкарство, некои од нив се плашат со картица да извадат пари, значи сето тоа сакаме да направиме обука, изјави Јакимовски.

Инаку, Лукровски доаѓа од приватниот сектор и има успешна професионална кариера со менаџерски способности, а и еден од ретките кандидати кој нема претходна политичка кариера. Тој последно го водеше одделот за продажби и маркетинг оперативни активности во Алкалоид Конс.

Јакимовски во политиката е повеќе од две децении, период во кој често ги менуваше партиските бои. Сега е претседател е на партијата ГРОМ, во четири мандати веќе беше прв човек на Карпош, а во минатото беше и министер за економија и за труд и социјална политика во влади на СДСМ. Тој е на црната листа на САД, бидејќи според Стејт департнентот, со своите постапки го покопал владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавни процеси. Има и провстепена пресуда на три и пол години затвор поради изградбата на административната зграда на Општина Карпош.

Матеја Петровски