Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот крах на СДСМ е политичка казна за елитизмот и одлепеноста од народот, Филипче е без кредибилитет да си поднесе оставка 

СДСM на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДСМ, на политиките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДСМ, на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се должи на ароганцијата и е последица на одлепеност од реалноста и реалните проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Колапсот на СДСМ е директна последица на структурите и раководството кое е одлепено од реалноста и секојденвието на обичниот човек,  додека народот секојдневно се бори со предизвиците кои тие ги создадоа додека беа на власт и 600.000 граѓани живееа со 150 денари на ден, Венко Филипче и неговиот гуру Заев се луксузираа на скапи јахти, градат хациенди и стекнуваат милионски имот.

Таквата ароганција ја донесе партијата на историско дно. СДСМ едвај освои 126.000 гласа на советнички листи што е најслаб резултат до сега. Со само 230 советници заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ 2,5 пати а во споредба со 2021 СДС изгуби над 110.000 гласачи и речиси 170 советнички места.

Реклама

Фијаското да е уште поголемо СДСМ падна на трето, четврто и петто место во некои општини како Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Македонски Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје. СДСМ доживеа дебакл и во бастионот Струмица и тоа во прв круг. Во вториот круг СДСМ ќе доживеат уште поголем пораз.

Овие се најкатастрофалните резултати на СДСМ, Филипче и раководството, а бројките јасно покажуваат дека Венко Филипче нема кредибилитет да води партија а уште помалку да биде лице на опозицијата. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција а не опозиција која молчи, е компромитирана и безлична.

СДСМ треба да се разбуди, да превземе одговорност и да започне сериозни реформи доколку сака повторно да е релевантна политичка сила. Резултатите на локалните избори за СДСМ не се само пораз туку аларм пред политички распад и исчезнување од политичка сцена.