Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Минчев: Јавната администрација мора да биде место каде луѓето растат, придонесуваат и се чувствуваат добро

Министерството за јавна администрација ќе биде првата институција која се приклучува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација ќе биде првата институција која се приклучува на програмата „Quintaum МАЦЕКС“. Со тоа покажуваме дека реформите не се само законски измени, туку и нов начин на размислување – администрација што ги слуша своите луѓе, ги вреднува нивните искуства и гради култура на припадност и мотивација, истакна денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев на отворањето на националната програма за сертификација „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“, организирана од Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени – МАЦЕКС, во партнерство со Вита Институт и глобалната методологија Quintaum.

Настанот, како што информира ресорното Министерство, ги обедини претставниците на јавниот и приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество, а присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.

Министерот Минчев нагласил дека промените во администрацијата почнуваат одвнатре, преку слушање на гласот на вработените и мерење на нивното вистинско искуство. Тој се осврнал и на соработката со Република Словенија, истакнувајќи дека токму ова партнерство претставува силен поттик за развој на современи политики во управувањето со човечки ресурси и организациска култура.

Реклама

– Со Словенија воспоставивме вистинско партнерство – преку Меморандумот за соработка меѓу двете министерства, а дополнително со учеството на Амбасадата на Република Словенија во програмата, отвораме ново поглавје на размена на знаења, искуства и добри практики. Тоа е најдобриот доказ дека оваа иницијатива има европска димензија и кредибилитет, потенцирал Минчев.

Според него, јавната администрација не е изолирана структура, туку жива организација што се развива со луѓето и за луѓето. – Нашата цел е да изградиме јавен сектор што инспирира, а не само функционира. Сектор што е силен, човечки и достоен за довербата на граѓаните, изјавил Минчев.

Програмата „Quintaum МАЦЕКС 2025/2026“ претставува иновативен пристап за мерење и подобрување на искуството на вработените во јавниот и приватниот сектор со цел создавање на повеќе мотивирана, посилна и човечка администрација.