Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори. Овие локални избори потврдија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори. Овие локални избори потврдија дека граѓаните јасно ја избраа насоката по која сакаат да оди државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата забележаа огромна изборна победа, со повеќе од 100 нови советници и очекуван број од околу 50 градоначалници, што е зголемување од најмалку 5 до 10 општини во однос на 2021 година, објави Ивица Томовски на Фејсбук, стои во партиското соопштение.

Ова не е само изборен успех, туку јасен сигнал за поддршка на промените, одговорноста и новата енергија во политиката. Политички промени и ново време за реформите

Една од најголемите промени на овие избори е политичкото “пензионирањe” на Али Ахмети, човек кој повеќе од две децении имаше силно влијание врз политичките процеси.

Реклама

Како што и беше најавено пред изборите, дојде време ДУИ да се реформира, да изгради ново лидерство и да ги прифати демократските вредности во согласност со новата политичка реалност. СДСМ пред сериозен предизвик.

Во редовите на СДСМ, резултатите се јасна порака, потребни се длабоки реформи и искрено преиспитување на досегашните политики. Партијата треба да одлучи дали ќе продолжи со старите методи и истите лица, или конечно ќе понуди нова визија, вистинска програма и решенија за граѓаните, наместо празна реторика и неосновано оцрнување на власта.

Заклучок: Македонија заслужува силна опозиција и стабилна иднина

Државата има потреба од силна, одговорна и конструктивна опозиција, опозиција која ќе биде коректив на власта, а не кочница на развојот. Овие избори се доказ дека граѓаните знаат да препознаат труд, визија и резултати. Македонија чекори кон ново време на политичка зрелост и стабилност.