Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Прилози

За две недели втор круг на гласање во 33 општини, меѓу кои се Карпош, Аеродром, Центар, но и Куманово, Струга и Кичево

Некои слават, други тажат. Но изборната битка не е завршена. За две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некои слават, други тажат. Но изборната битка не е завршена. За две недели граѓаните во дури 33 општини повторно ќе излезат на гласање. Кандидатите за градоначалници ќе бараат втора среќа во вториот круг кој треба да се одржи на 2 ноември.

Освен во Скопје, каде не постои голема неизвесност, најжестока битка за две недели ќе се води во Куманово,Тетово, Кочани, Кичево и Валандово. Трката во вториот круг продолжува во четири скопски општини – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Во вториот круг нема многу филозофија – важи таканаречениот нокаут систем, каде кандидатот може да победи на избори, ако има само еден глас повеќе од противникот.

Реклама

“Според Изборниот законик победник е, односно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста да е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина” се вели во Изборниот законик.

Втора битка за градоналници ќе водат и водечките кандидати во Брвеница, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Чешиново-Облешево, Боговиње, Дебар, Долнени, Тетово, Крушево, Лозово, Росоман, Центар, Чучер Сандево, Струга, Шуто Оризари и Студеничани.

Локалните избори се неуспешни во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не излегоа најмалку една третина од бројот на запишаните избирачи.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.