Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

За две недели втор круг на гласање во 33 општини, меѓу кои се Карпош, Аеродром, Центар, но и Куманово, Струга и Кичево

Некои слават, други тажат. Но изборната битка не е завршена. За две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некои слават, други тажат. Но изборната битка не е завршена. За две недели граѓаните во дури 33 општини повторно ќе излезат на гласање. Кандидатите за градоначалници ќе бараат втора среќа во вториот круг кој треба да се одржи на 2 ноември.

Освен во Скопје, каде не постои голема неизвесност, најжестока битка за две недели ќе се води во Куманово,Тетово, Кочани, Кичево и Валандово. Трката во вториот круг продолжува во четири скопски општини – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Во вториот круг нема многу филозофија – важи таканаречениот нокаут систем, каде кандидатот може да победи на избори, ако има само еден глас повеќе од противникот.

Реклама

Според Изборниот законик победник е, односно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста да е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општинасе вели во Изборниот законик.

Втора битка за градоналници ќе водат и водечките кандидати во Брвеница, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Чешиново-Облешево, Боговиње, Дебар, Долнени, Крушево, Лозово, Росоман, Центар, Чучер Сандево, Струга, Шуто Оризари и Студеничани.

Локалните избори се неуспешни во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не излегоа најмалку една третина од бројот на запишаните избирачи.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.