Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус 

Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за движење на Турците.

Овие три партии, како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа кандидатски листи за девет члена на општинскиот совет. И на претходните избори во Општина Центар Жупа во двата круга на гласање не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. 

Реклама

Владата потоа го наименува за повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник, актуелниот Аријан Ибраим. Тој на повторените избори на 17 април следната година, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 август, кога другиот кандидат се повлече, па Ибраим, го обезбеди третиот последователен мандат со над 80 отсто од гласовите.

Во оваа печалбарска општина во Единствениот избирачки список се 7551 лице, а според пописот во неа живеат 3720 жители.