Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВРЕДИ: Нашата работа беше препознаена, граѓаните покажаа висока демократска свест

Локалните избори во земјата се одвиваа во мирна и демократска атмосфера, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните избори во земјата се одвиваа во мирна и демократска атмосфера, со висока излезност и без поголеми неправилности, оценија од ВРЕДИ. Оттаму велат дека граѓаните испратија јасна порака на доверба кон нивните политики, а очекувањата се дека резултатите ќе ја потврдат таа поддршка.

Портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, на прес-конференција изрази задоволство од текот на изборниот процес, нагласувајќи дека гласањето се одвивало мирно и уредно во сите општини.

-Процесот на гласање за локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Според информациите од теренот, процесот беше реализиран без поголеми неправилности, додека мнозинството граѓани го искористија своето право на глас на најдобар можен начин, изјави Суљејмани.

Реклама

Од ВРЕДИ упатија благодарност до сите граѓани кои учествуваа во гласањето, оценувајќи го денот како доказ за демократска зрелост и граѓанска свест.

Во врска со излезноста во Чаир и Сарај, според Суљејмани, граѓаните покажале подготвеност да ја поддржат работата на ВРЕДИ во Владата.

-Имаме голема излезност во Чаир и во Сарај. Мислам дека бројките беа некаде блиску до 60 посто. Ова докажува дека граѓаните на овие две општини се подготвени за давање на доверба на политиките на ВРЕДИ коишто ние ги прикажавме за 15 месеци работа во Влада. И тоа што го покажавме како работа во Влада, тие го препознаа, и мислам дека сета оваа зголемена излезност е искажана доверба кон политиките на ВРЕДИ, рече Суљејмани.

Од партијата очекуваат фер и транспарентно броење на гласовите од страна на Државната изборна комисија, со целосна почит кон волјата на граѓаните.