Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Кавадарчанец лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Синоќа  во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.