Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Мицкоски: Малкумина го контаминираат правосудството, ќе предложиме реформи во согласност со оценската мисија на ЕУ

ремиерот Христијан Мицкоски истакна дека реформите во правосудниот систем се клучни за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ремиерот Христијан Мицкоски истакна дека реформите во правосудниот систем се клучни за враќање на довербата кај граѓаните и за функционална правна држава. Тој посочи дека мал број поединци го компромитираат целиот систем и дека тие веќе се идентификувани.

-Имаме малкумина кои ги контаминираат сите останати и тоа е најголемиот проблем во правосудството. Тие малкумина ги имаме детектирано и не можат да бидат дел од нашиот правен систем бидејќи шансата да докажат дека се објективни, а не партиски измеќари, ја испуштија, рече Мицкоски.

Тој посочи дека е неопходно граѓаните да бидат запознаени со начинот на избор на судии и обвинители, бидејќи тоа е клучно за разбирање на проблемите во системот.

Реклама

-Мора граѓаните да знаат како функционира начинот на избор на судии и обвинители, за да ни биде поедноставно. Тоа се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а ги регрутира Академијата за судии и јавни обвинители. Вие имате една цела генерација, деветта генерација, за која и Државната комисија за спречување на корупција има мислење дека на незаконит начин завршила. Треба да тргнеме од тука – што правиме со таа одлука? Ако ја поништиме, треба веднаш да го пополниме тој празен простор со нови две генерации судии и јавни обвинители, изјави Мицкоски, додавајќи дека процесот на реформи мора да започне веднаш.

Нагласи дека реформите ќе се спроведуваат транспарентно и во согласност со препораките од оценската мисија на ЕУ.

Во делот за економијата, Мицкоски ги отфрли тврдењата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, за буџетскиот дефицит, нарекувајќи ги неточни и политички мотивирани.

-Го слушав тоа, и не можев да се изначудам… да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата. Вчера спомена дека буџетскиот дефицит ќе биде една милијарда и 400 милиони евра. А 15-ти октомври е 560 милиони евра. Тоа е 40 проценти од тоа што тој го кажува, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека инфлацијата е значително намалена од 14,2 проценти во 2022 година на под 4 проценти во 2025, и изрази уверување дека до крајот на годината ќе се спушти под 3 проценти.