Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

„Tи благодарам Aлбанијо, ти благодарам мајко!” – Aхмети од Tирана: Го креваме гласот за правда и почитување на чистата и праведна војна на ОВК

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пак учествуваше на протест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пак учествуваше на протест организиран во Тирана за поддршка на, како што велат организаторите, праведната војна на Ослободителната војска на Косово.

Ахмети во својот говор рече дека потеклото на Косовскиот Специјален суд лежи во измислени руско-српски извештаи за трговија со органи, обвинувања кои се покажале како неосновани и невистинити.

„Ти благодарам Албанијо, ти благодарам мајко, што се однесуваше кон нас како кон мајки и синови… Денес сме заедно Тирана, Приштина и Скопје, и нека бидеме секогаш вакви. Ги креваме нашите гласови за правда, за почит, за признавање на нашата праведна војна, за прагот, за слободата и демократијата, за независноста и пријателството со Америка и Европа“ порача Ахемти и додаде дека денес во Хаг, поранешните водачи на ОВК не се судат како лични имиња, туку се оцрнува, како што рече, чистата војна на ОВК, ги повика сите Албанци да се приклучат на собирите во поддршка на Ослободителната Војска на Косово, бидејќи според него, таа војна била војна за ослободување.