Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат – време е за промени

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

„Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ.

„Ова не е само повик за избори – ова е повик за промена, надеж и иднина што ќе ја создадеме заедно. Центар не е само општина – тоа е нашето срце. Стојам пред вас со јасна визија за тоа во каква општина сакаме да живееме. Јас сум човек кој сака да направи промена – со знаење, тим и искреност. Не ветувам невозможни работи. Ветувам посветеност, план и резултати. Ветувам дека секој проект, секоја идеја и секоја промена ќе има една цел – подобар живот за сите нас“, нагласи Лабудовиќ.

Реклама

Тој потсети дека програмата е создадена со една јасна мисла – да се изгради Центар што е почист, поуреден, позелен и похуман. „Да создадеме општина што дише, што се грижи, што инспирира,“ додаде тој.

„Ова не е само моја визија – ова е наша заедничка задача. Верувам во заедништвото. Верувам во секој од вас што верува дека Центар може подобро. Затоа, ве повикувам: Излезете и гласајте за нова енергија, за чесност, за визија што се гледа во дела. На гласачкото ливче заокружете број 2 – за Центар што заслужува луѓе со срце, визија и дело. За Центар што повторно ќе блесне, порача Лабудовиќ.