Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Крводарителска акција „Фондовско срце“ по повод 25-годишниот јубилеј од функционирањето на ФЗО

Традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“, која годинава се одржува по осумнаесетти пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце“, која годинава се одржува по осумнаесетти пат е спроведена денеска во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, а по повод 25-годишниот јубилеј од самостојното функционирање на Фондот.

Од Фондот соопштија дека со акцијата уште еднаш ја потврдуваат својата основна мисија – грижата за здравјето на осигурениците и промовирањето на хуманоста како врвна општествена вредност. Преку овој чин на солидарност, како што се посочува, вработените на Фондот симболично ја спојуваат професионалната посветеност со највозвишениот човечки гест – дарување живот.

Од своето формирање во 2000 година, како самостојна институција за спроведување на задолжителното здравствено осигурување, Фондот доследно ја негува културата на општествена одговорност и лична заложба за заедницата. Крводарителската акција „Фондовско срце“ е токму потврда дека вистинската грижа за осигурениците не се исцрпува во административните и финансиските мерки, туку продолжува преку вистински дела на човечност, доблест и милосрдие. Во остварувањето на овие вредности особено значаен е личниот пример на генералните директори на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, кои со своето активно учество ја поттикнуваат свеста кај вработените дека хуманоста е највозвишената форма на грижа за човекот,  истакнуваат од ФЗО.

Реклама

„Дарувањето крв е дарување надеж, живот и човечка топлина. Со оваа акција, Фондот уште еднаш покажува дека зад институцијата стојат луѓе со големо срце – луѓе што живеат и работат во духот на солидарноста“, беше пораката на денешниот настан.

Од Фондот им упатуваат благодарност на сите свои вработени кои секоја година ја докажуваат својата хуманост и придонесуваат кон спасување на човечки животи. Традицијата, започната пред 18 години, продолжува како симбол на колективна совесност и институционална култура која ги поврзува вредностите на професионалноста, човечноста и општествената одговорност, наведуваат од Фондот за здравствено осигурување.