Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Шукова: БРТ-системот ќе превозува 65.000 патници дневно – Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, долга 13 километри со 21 станица, може да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година“, изјави Шукова.

Таа посочи дека ова е најзначајниот инфраструктурен проект во Скопје по неколку децении, бидејќи БРТ-системот ќе овозможи превоз на над 65.000 патници дневно, со нови, еколошки автобуси кои ќе се движат на секои неколку минути.

Реклама

„Со ова решение, Скопје ќе добие јавен превоз каков што му доликува на модерен европски град –  без застои, без загадување и со чиста мобилност достапна за сите“, додаде Шукова.

Таа најави дека паралелно со изградбата на првата линија, ќе се подготви и втората траса север–југ, со што ќе се поврзат сите делови на градот, а секоја година ќе се набавуваат нови еколошки автобуси за надградба на системот.

„Ова е проект што ќе го промени Скопје засекогаш – ќе му даде нов пулс, побрз ритам и почиста иднина“, порача Шукова.

Шукова: Отпадот ќе стане ресурс – Скопје ќе добие модерен систем за селекција и рециклажа

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави целосна реформа во системот за управување со отпадот, со што Скопје ќе добие одржлив и транспарентен модел по примерот на европските градови.

„Граѓаните ќе имаат јасен распоред кога кој тип на отпад се собира – понеделник комунален, вторник пластика и хартија, среда биоразградлив. Така ќе воспоставиме ред и навика за селекција,“ изјави Шукова.

Во првата година, ќе се набават нови камиони, контејнери и дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да го следат распоредот и да пријавуваат неправилности.

Посебен акцент таа стави на рехабилитацијата на депонијата Дрисла, каде што ќе се воведе систем за дегасификација, собирање исцедок и контрола на загадувањето.

„Ова е чекор кон вистинска циркуларна економија, отпадот повеќе не е проблем, туку ресурс што го враќаме во употреба. Така ќе имаме почист воздух, здрава почва и град што размислува одговорно,“ порача Шукова.