Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Конвенција на Партијата на Хрватите во Македонија

Вчера вечер во преполната сала на ресторанот Рагуза 360 Rooftop, Партијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера вечер во преполната сала на ресторанот Рагуза 360 Rooftop, Партијата на Хрватите во Македонија ја одржа свечената промотивна конвенција на која присуствуваа претставници на Владата на Македонија, амбасадорката на Р.Хрватска во Македонија Нивес Тигањ и воедно пратеник на министерот за наворешни и европски работи на Р.Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, директори на институции, членови на дипломатскиот кор и бројни гости од јавниот и политичкиот живот, се наведува во соопштението од Партијата на Хрватите во Македонија, кое МИА го пренесува интегрално.

Посебна чест беше присуството и обраќањето на Амбасадорката на Република Хрватска во Македонија вооедно и пратеник на Министерот за Надворешни и Европски работи на Р.Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ, која во својот говор го честиташе основањето на “Партијата на Хрватите во Македонија” посака успех во работата. Исто така ја истакна традиционално добрата и пријателска соработка помеѓу двете држави, подвлекувајќи ја важноста на заедничките европски вредности и поддршката што Хрватска ѝ ја дава на Македонија на патот кон Европската Унија.

Исто така имаше и видео обраќања со подршка за Партијата од страна на Г-динот Адријан Вуксановиќ, Пратеник во Собранието на Црна Гора и Претседател на партијата Хрватската граѓанска иницијатива; Г-ѓа Јасна Војниќ, пратеник во Саборот на Р.Хрватска и претседател на Хрватскиот национален совет во Р.Србија која се обрати и во име на Претседателот на Саборот на Р.Хрватска Г-дин Гордан Јандроковиќ и Претседателката на Комисијата за Хрвати вон Р.Хрватска Г-ѓа Здравка Бушиќ како и обраќање на Г-динот Карло Реслер,пратеник во Европскиот парламент

Реклама

На конвенцијата се обрати и Претседателот на Партијата на Хрватите во Македонија Г-дин Ненад Немет, кој зборуваше за стратешките цели на Партијата – зачувување и унапредување на хрватскиот идентитет, јазик и култура, како и активното вклучување на Хрватите во политичкиот, општествениот и културниот живот на државата. Хрватите се лојални граѓани кои активно придонесуваат за општествениот развој и зајакнување на демократските процеси во земјата. Ја истакна и важноста од градење мостови на соработка и меѓусебно почитување меѓу различните заедници во Македонија, при што Хрватите се горд дел од мултикултурното ткиво на државата.

Конвенцијата претставуваше важен момент за натамошно јакнење на врските меѓу хрватската заедница и институциите во Македонија, како и поттик за понатамошна подобра соработка со Република Хрватска.