Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Мицкоски за ДУИ: Толку многу ме сакаат или сум им ноќна мора, цела кампања ми ја посветија мене

Од Сарај, премиерот Христијан Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Сарај, премиерот Христијан Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која 20, 22 години беше дел од различни владини структури, која сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на него.

Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.

„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.

Реклама

Мицкоски даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.

„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива, тоа така не бива“, јасно порача претседателот Мицкоски