Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

НОМАГАС: Испораката на гас треба да се стабилизира утре, известувањето од ЈСП Скопје за отстапувања во возниот ред да се земе со резерва

НОМАГАС АД Скопје попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НОМАГАС АД Скопје попладнево соопшти дека известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред за утре треба да се земат со резерва.  Посочуваат дека поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството привремено има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, но оти работите треба да завршат на време и оти утре треба да се стабилизира испораката.

Потенцираат дека ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година и како што соопштуваат, претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира 17.10.2025 година кога треба да се стабилизира испораката на природен гас“.

– Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод. Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе Ве известиме, се вели во соопштението од НОМАГАС АД. 

Реклама

Наведуваат и дека ЈСП Скопје веќе една година, од 01.12.2025 година, не се нивни директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

– Со оглед на наведеното,  доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје, се вели во соопштението.

ЈСП Скопје на својата веб страница претходно денеска објави дека се можни отсапувања од возниот ред, како што наведе, согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година“.
 
– Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени, се вели во информацијата.