Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Воена вежба „Junction City 2025“ на армискиот полигон Криволак

На најголемиот и најсовремен армиски полигон во регионот, АП Криволак, во тек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На најголемиот и најсовремен армиски полигон во регионот, АП Криволак, во тек е реализацијата на меѓународната воена вежба „Junction City 2025“, која се одржува од 6 до 28 октомври. Вежбата е организирана од страна на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, со поддршка од Армијата на Македонија.

Во рамки на вежбата, како што соопштија од АРМ, Армијата обезбедува логистичка поддршка и ги става на располагање капацитетите на АП Криволак, кој овозможува изведување на комплексни вежбовни активности во реални услови. Целта на оваа заедничка активност е унапредување на соработката меѓу двете армии, зајакнување на меѓусебната доверба, разбирање и интероперабилност во рамките на НАТО Алијансата.

173-та воздухопловна бригада, која е распоредена во Италија и Германија, претставува контингентна сила за брз одговор на Армијата на САД во Европа. Во текот на вежбата, нејзините падобрански и артилериски единици ги усовршуваат тактиките на координиран оган, интеграција на нови беспилотни системи и командно-контролни процедури во динамична и комплексна средина.

Реклама

-Вежбата „Junction City 2025“ придонесува за унапредување на оперативната готовност и заедничката обука на сојузничките сили со цел зголемување на стабилноста, безбедноста и соработката во регионот, појаснуваат од Армијата.