Вработените на „Паркови и зеленило“ со колегите од „Флораком“ и „Луна“ најавија блокади поради доцнење на септемвриската плата
Вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, заедно со колегите од „Флораком“…
16.10.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, заедно со колегите од „Флораком“ и „Луна“, повторно најавија дека ќе ја блокираат „Илинденска“ ако не им биде исплатена септемвриската плата. Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, не ја исклучи можноста и за целосен штрајк.