Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Управниот одбор на Стопанската комора реализираше работна средба со Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво

На 14.10.2025 година на покана на претседателот на Стопанската комора на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 14.10.2025 година на покана на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, Управниот одбор на Комората реализираше работна средба со новата Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, со цел да се слушнат реалните потреби од бизнис заедницата за остварување на заедничката цел, раст на економијата и бизнисите во државата.

На средбата, директорката на Агенција ИНОВА, Даниела Димовска го истакна значењето на заедничката соработка за да им се помогне на компаниите во нивниот раст и развој преку нови технологии и иновации. Беа претставени подготвителните активности за почеток на работата на ИНОВА од следната година. Ирена Гергиевска, советник во Инова презентираше дел од определбите кои преку креирање на програми за поддршка би биле предмет на Програмата која е во фаза на подготовка.

Претседателот Бранко Азески ја нагласи потребата за вистинска, реална и континуирана меѓусебна соработка на двете институции, како неминовен процес кој само на таков начин ќе има реални и мерливи ефекти врз економијата во целина, посебно нагласувајќи ја целта која е заедничка водилка на двете институции, а може да се постигне, ако се промени пристапот во делувањето на Комората и на ИНОВА.

Реклама

Се разменија идеи за меѓусебна соработка и се разговараше за проектите што може да се понудат и би биле дел во програмата за следната година, имајќи предвид дека Програмата е во фаза на подготовка.

Од средбата се усогласија заклучоци и активности на кои двете институција во иднина партнерски ќе се залагаат и ќе работат: брзо консолидирање и спроведување на потребните административни процедури за воспоставување на услови за почеток на работните активности на ИНОВА; промена на пристапот во заедничкото делување, преку континуирана соработка и размена на информации од двете институции; се назначи член на Управниот одбор на Комората, кој ќе биде задолжен за контиунуирано известување и размена на информации за активностите на поддршка на компаниите преку програмите на ИНОВА; потребата за поголем буџет како државна помош, но во функција со стратешките цели за економски раст, потребата од транспарентност на процесот и мерливи ефекти од пласираните средства за носење на одржливи одлуки и решенија во иднина.