Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот на Фатмир Дехари 

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба. Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место.

Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност. И наместо оставка од Дехари и извинување, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како ”фабрикувани материјали” и ”шпекулативни и монтирани снимки” во обид да ја замајува јавноста.

Реклама

Ефтин обид на ДУИ, скандалот да го релативизира и претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот.

Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување. Дали ова е нивото на кое падна ДУИ, да бранат и поддржуваат функционери кои сексуално малтертираат жени?

Дали ова е нивото, дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и  семејствата со ваквото однесување? Граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам. Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени.

Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување. Сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените да реагираат јасно и безкомпромисно.