Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Венецијанската комисија со препораки: Републичкиот обвинител да се бира со двотретинско мнозинство и да нема право на реизбор

Републичкиот јавен обвинител да се бира со двотретинско наместо со просто мнозинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот јавен обвинител да се бира со двотретинско наместо со просто мнозинство во Собранието, но и да нема право на реизбор по шестгодишниот мандат, што е случај во моментов. Ова се препораките кои до Македонија ги испрати Венецијанската Комисија и генералниот директорат за човекови права и владењее при Советот на Европа, за што според нив неопходна е исмена на македонскиот устав. Иако имаат недостатоци, тие како многу позитивни ги оценуваат предлог законите за Јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители.

-Моментално, Мандатот на републичкиот јавен обвинител во земјава е шест години, со право на реизбор. За Советот на јавни обвинители пак, Венецијанската комисија препорачува допрецизирање на тоа кој може да биде член на советот, а бара и да се суспендира функцијата обвинител за време на вршење на мандатот во советот, се вели во препораката.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази задоволство од ваквите оценки и препораки од Венецијанската комисија и кажа дека овие предлог закони треба да се донесат што побргу.

Реклама

-Веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието бидејќи не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени. И мислам дека тоа е еден добар потег, изјави Сиљановска Давкова.

Мислењето за овие закони е побарано од македонската влада со цел да се подобри судскиот интегритет преку ревидирање на процесите за избор, оценување, унапредување и разрешување на судии и обвинители. Сиљановска Давкова порача дека овој пример треба да се следи и во иднина, бидејќи иако советодавно тело, во Венецијанската комисија членуваат врвни правници.

Матеја Петровски