Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Николоски: Од март ќе почне изградбата на Букојчани – Кичево, Филипче критикува

За година и пол завршени патните правци Страцин – Крива Паланка, Градско-Дреново,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За година и пол завршени патните правци Страцин – Крива Паланка, Градско-Дреново, Дреново-Фариш, одблокирана изградбата на автопатот Кичево – Охрид и пуштени во употреба 34 километри, работа на повеќе обиколници и забрзани градежни активности на терен на над 1200 локации. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека интензивно се гради на автопатските делници Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, кој според него, е еден од најтешките инженерски потфати. Автопатот, пак, од Букојчани до Кичево треба да почне да се гради во март наредната година.

Опозицијата не ја гледа аградежната експанзија на власта. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче критикува дека катастрофална била реализацијата на капиталните инвестиции. Тој вели дека заклучно со септември, биле реализирани едвај 44% од капиталните проекти. Тој алармира дека сите економски показатели биле лоши – висок јавен долг, слаба наплата на приходи и план за рекордно задолжување со еврообврзница.

Инаку меѓународните финансиски институции проектираат солидни стапки на економски раст. Откако Светска Банка излезе со проекција за зголемување на БДП од 3,1%, Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај наведува дека македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 отсто. Фондот смета дека годината ќе заврши со инфлација од 3,9, додека следната година таа треба да се спушти до нивото од 3%.