Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

МВР домаќин на Конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во ЈИЕ

Министерството за внатрешни работи деенска беше домаќин на Конференцијата за воспоставување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи деенска беше домаќин на Конференцијата за воспоставување на Регионална асоцијација на полициски академии и центри за обука во Југоисточна Европа, на која присуствуваа претставници од повеќе држави од регионот и меѓународни партнери.

Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека овој момент претставува потврда на заедничката волја за јакнење на врските меѓу полициските академии и унапредување на стандардите за обука на полициските службеници.

– Инвестирањето во обуката на полициските службеници е директна инвестиција во безбедноста на граѓаните и стабилноста на општеството. Само добро обучени и мотивирани полициски службеници може да обезбедат праведен, предвидлив и професионален однос кон сите граѓани, потенцираше Тошковски.

Реклама

Тој додаде дека зголемената мобилност и прекуграничните предизвици бараат унифициран и координиран пристап, како и дека регионалната соработка е суштинска за градење стабилност и доверба.

Министерството за внатрешни работи, преку Центарот за обука, ја презема улогата на иницијатор и прв претседавач на асоцијацијата, со цел поставување на висок професионален стандард и реализирање активности кои ќе ја поддржат новоформираната платформа за размена на знаење и искуства.

Во тој контекст, министерот Тошковски информираше дека се во тек реформи во едукацијата на полицискиот кадар, вклучувајќи повторно отворање на Средното полициско училиште и подобрување на условите за обука и сместување на кандидатите.

– Формирањето на оваа регионална асоцијација ќе овозможи подобра координација на обуките, јакнење на човечките капацитети и создавање комплементарни програми кои ги почитуваат традициите и системите на секоја држава, истакна министерот.

На крајот од конференцијата беше потпишана Заедничка декларација со која се промовира регионалната соработка во областа на полициската едукација како клучен елемент за унапредување на стабилноста и безбедноста во регионот.