Реклама
Свет

Кина донесе одлука да воведе пошироки контроли врз извозот на ретки метали

Кина донесе одлука да воведе пошироки контроли врз извозот на ретки метали,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кина донесе одлука да воведе пошироки контроли врз извозот на ретки метали, што предизвика шок кај претседателот на САД Доналд Трамп, кој ја оцени постапката како „многу непријателска“.

Од Вашингтон веднаш следеше реакција — Трамп најави дека ќе ги врати царините за Кина на троцифрено ниво, што го поттикна Пекинг да најави соодветни мерки.

Кинеската влада тврди дека заострувањето на контролите е одговор на проширувањето на ограничувањата на САД врз кинеските фирми. Овие минерали се клучни за производството на електроника, автомобили и полупроводници, а новите мерки ги вознемирија глобалните пазари и индустриите што зависат од снабдување со овие ресурси.

Реклама

Министерството за трговија на Кина денеска соопшти дека, ако биде потребно, Пекинг „ќе се бори до крај“, но дека останува отворена вратата за дијалог со САД.