Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Ослободени сите заложници од Газа, Израел пушти на слобода над 1900 затвореници

Хамас ги ослоби заложниците,Израел ги пушти на  слобода затворениците…. Стотици луѓе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хамас ги ослоби заложниците,Израел ги пушти на  слобода затворениците…. Стотици луѓе се собраа на плоштадите во радост и солзи. Луѓето повторно заедно со своите семејства, а социјалните мрежи се преплавени со емотивни снимки од средбите.

Двете држави го направија првиот чекор од договорот за прекин на огнот постигнат со помош на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Поколенија од сега ќе се сеќаваат на овој момент како на почетокот на големите промени, и тоа многу подобри промени. Како што е САД сега, така ќе биде златното доба на Израел и златното доба на Блискиот Исток. Ќе работиме заедно.– iизјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Реклама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави одлуката и срдечно му се заблагодари на американскиот претседател. Како што изјави тој, овој момент ќе биде запаметен во светската историја.

„Колку долго чекавме овој момент и ние сме посветени да ги вратиме сите, и сакам лично да ви се заблагодарам во име на целата нација. Ви благодарам, господине претседателе, претседателе Трамп.“- изјави Бенјамин Хетанјаху.

По обраќањето во Израелскиот Кнесет, Трамп заминува на мировен самит во Египет каде што ќе учествуваат над 20 светски лидери, сите собрани со иста цел за траен мир на Блискиот Исток. Следува втората фаза од мировниот план кој допрва треба да се спроведе.

„Со нивното ослободување — и со ослободувањето на уште тринаесетте заложници кои се очекуваат денеска — мирот станува возможен за Израел, за Газа и за регионот.“

„Франција ќе биде вклучена во секоја фаза од планот на претседателот Трамп, заедно со арапските партнери кои помогнаа да се мобилизираат.“- истакна претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Сите 20 преостанати живи израелски заложници беа ослободени од Хамас по повеќе од две години во заробеништво во Газа. Телата на уште 28 заложници се уште се во рацете на Хамас, а се очекува некои од нив да бидат префрлени во Израел подоцна денес, а за возврат Израел ослободува речиси 2000 палестинскизатвореници.