Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација на актуелниот градоначалник на Општина Центар, кој всушност се обиде да продаде лажна приказна за „уредување“ и „подобрување на условите“ во населбата Крњево, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Никола Мемов од Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

Тој вчера изјави дека целосно ја расчистиле дивата депонија и дека на ова место ќе никне детско и спортско игралиште, зеленило и урбана опрема.

Но, фактите покажуваат сосема поинаква слика: Локацијата која според Генералниот урбанистички план (ГУП) е локација предвидена за изградба на булевар „Крушевска Република“, а според Деталниот урбанистички план (ДУП), оваа зона е предвидена за сообраќајна инфраструктура, а не за урбана опрема и игралишта. Активностите се изведуваат без транспарентност, што го крши законот и урбанистичките норми.

Реклама

Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба, дивеење и грубо прекршување на правилата,
потенцијално кривично дело. Тој што треба да ги спречи и руши дивоградбите, за кои алармиравме повеќе пати, сега е директен креатор и потенцијален извршител на истото.

Затоа оттука поставуваме директни прашања до актуелниот градоначалник Герасимовски:

1. Зошто најавивте градежни активности на оваа локација, дали за истото има проект и обезбедена градежна дозвола?

2. Зошто го лажете населението тврдејќи дека ќе се гради детско и спортско игралиште, кога според плановите тука треба да има сообраќајна
инфраструктура?

3. Кои механизми на транспарентност и јавна отчетност сте ги примениле пред да започнете со градежните активности?

4. Дали граѓаните треба да веруваат на вашиот PR, или на документите и плановите кои јасно го покажуваат незаконското постапување?

Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба и грубо прекршување на сите урбанистички норми.

Ова е класична слика за начинот на владеење на актуелниот градоначалник – со лаги, со манипулации и со обиди да се прикажат нелегални активности како „добри дела“.

Граѓаните на Центар веќе видоа доволно и знаат дека зад секоја негова објава стои интерес, а не искрен труд.

На 19-ти октомври, ќе стават крај на ваквото самоволие и празните ветувања. Во недела, на 19-ти октомври ќе изберат човек кој навистина ќе работи во нивен интерес, ќе ги штити јавните простори и зеленилото и ќе ја врати човечката и достоинствената димензија на Центар.