Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Митовски: Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и плоштадот

Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и плоштадот, порачува кандидатот за градоначлник на општина Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски.

Како што соопштија попладнево од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, Стајковци е место што во изминатите четири години беше целосно заборавено од локалната власт.

– Ниту еден проект, ниту една капитална инвестиција не беше реализирана за ова населено место. Граѓаните од Стајковци се чувствуваат запоставени и разочарани, затоа што нивните проблеми никој не ги слушна. Но, сите добро се сеќаваме на времето кога СДСМ ја водеше општината. Тогаш, Стајковци за првпат доби градинка за најмладите, што ја користат и децата од околните села. Тогаш за првпат добивме и спортска сала во основното училиште, се асфалтираа сите улици и се реализираа проекти што вистински го подобрија животот на граѓаните, се истакнува во соопштението.

Реклама

Затоа, се додава, Стајковци заслужува да продолжи да се развива.

– Во новиот мандат ќе го уредиме коритото на каналот по должина на улица „6“, ќе ги рехабилитираме улиците „5“, „6“ и „11“, ќе го реконструираме детското игралиште на крајот од улица „18“, а плоштадот на Стајковци ќе го добие својот вистински сјај и ќе стане место за дружење и гордост на сите жители. Ова е патот по кој треба да се движи Гази Баба, плански, современо и одговорно. Стајковци ќе го добие својот сјај, затоа што граѓаните го заслужуваат тоа. Затоа што се бориме за нашиот дом, се подвлекува во соопштението.