Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Минчев од Куманово по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска положи цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово, во чест на хероите кои ги положија своите животи за слободата и достоинството на македонскиот народ.

Министерот Минчев нагласи дека 11 Октомври претставува симбол на одлучноста и борбата за правда, слобода и човечко достоинство. Тој потенцираше дека вредностите кои го воделе народното востание, единството, храброста и визијата за слободна татковина, се темелите врз кои се гради современото македонско општество.

-Овој ден не е само спомен на минатото, туку повик за иднината. Тоа е ден кога се потсетуваме на нашата должност како институции и поединци да ја чуваме слободата, да ја унапредуваме демократијата и да создаваме јавна администрација што служи чесно и ефикасно на сите граѓани, изјави министерот Минчев.

Реклама

Тој додаде дека Министерството за јавна администрација е силно посветено на создавање инклузивни, транспарентни и одговорни институции, кои ќе го одразуваат духот на востанието, служење на народот со интегритет и визија.

На свечениот настан присуствуваа и претставници на Владата, локалната самоуправа, здруженија на бранители, дипломатскиот кор, како и голем број граѓани кои со своето присуство оддадоа почит на историското значење на овој ден. Ова чествување претставува силен симбол на благодарност и продолжување на традицијата на отпор против неправдата, како и постојана заложба за напредок, стабилност и европска иднина на Република Македонија.