Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Меџити: Културата, стратешки столб за развој на Чаир и оживување на Старата Чаршија

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска од Старата скопска чаршија го промовираше четвртиот столб на неговата изборна програма – културата, која ја посочи како клучна компонента за економски, социјален и урбан развој на општината.

-Не сме случајно во Чаршија за да го промовираме четвртиот столб на изборната програма – културата, бидејќи позитивните и европски практики покажуваат дека културата го подобрува имиџот на општините и има значително влијание врз економијата, изјави Меџити, нагласувајќи дека меѓународните искуства се инспирација за нови пристапи.

Тој го посочи и примерот на Општина Боткирка во Стокхолм со која Чаир е збратимен, како доказ дека културата може да биде инструмент за трансформација.

Реклама

-Ние како Општина Чаир сме збратимени со Општина Боткирка, која има 60 отсто жители со странско потекло и 40 отсто Швеѓани. Во минатото се соочиле со многу предизвици, испробале различни пристапи, но само преку културата успеале да го подобрат имиџот и економијата. Со организирање бројни културни настани, станале дел од познатите медиуми не поради проблеми, туку поради културата, рече тој.

Меџити нагласи дека слично влијание од културата може да се забележи и во Старата Чаршија, особено преку враќањето на студентите и развојот на културниот живот.

-И овде во Чаршија го видовме влијанието на културата, враќањето на студентите ја врати живоста. Бројните културни активности и концентрацијата на креативниот потенцијал донесоа пресврт, рече Меџити.

Прогласувајќи ја културата како основен столб во неговото идно управување со општината, тој се обврза дека таа ќе оди рамо до рамо со младите, спортот и образованието, за изградба на модерен и инклузивен Чаир.

-Денес ветувам дека културата ќе биде важен столб на Општина Чаир. Сакам „Звуците на Чаршијата“ да ги претвориме во културна порта, нешто слично како во Охрид или Скопје. Идејата е да создадеме природна сцена во Чаршијата која ќе функционира како жива културна точка, потенцира тој.

Меџити најави и реконструкција на културниот простор кај Куршумли Ан, кој се очекува да се претвори во отворена сцена за постојани културни настани.

-Кај Куршумли Ан постои отворена сцена која ќе ја реконструираме. Културните здруженија ќе ги насочиме во Чаршија што верувам дека ќе биде голем поттик за културниот развој и вистинското оживување на Старата чаршија, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити.