Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Трајановски: Нови катни гаражи, современи пензионерски домови и субвенции за достоинствена старост

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави нов урбанистички и социјален концепт кој ќе го реши хроничниот проблем со паркирањето кај Зоолошка Градина и во Дебар Маало, но и ќе овозможи изградба на современ пензионерски дом под капата на Градот Скопје, стои во соопштението на ГРОМ.

„Време е да ставиме ред и хармонија таму каде што со години владее хаос. Со новите катни гаражи конечно ќе се ослободи јавниот простор и ќе се реши паркирањето во една од најоптоварените зони во градот,“ изјави Трајановски.

На местото на постојните бараки на Град Скопје ќе се изградат две катни гаражи со по две подземни нивоа, со модерен систем за управување со паркирањето, полначи за електрични возила и зелен покрив. Меѓу нив ќе биде изграден современ пензионерски дом, еден од петте нови домови кои се предвидени во програмата на Трајановски.

Реклама

„Овие домови нема да бидат недостижни луксузни објекти, туку достапни, човечки и прифатливи за секој што има потреба од грижа. Градот Скопје ќе обезбеди субвенции за сместување, за граѓаните да не мора да плаќаат баснословни суми за достоинствена старост,“ истакна Трајановски.

Програмата предвидува изградба на пет нови пензионерски домови, со вкупно 300 нови апартмански капацитети за сместување и престој на стари и изнемоштени лица.

Овие домови ќе бидат изградени со сите современи стандарди, со медицинска грижа, дневни центри, паркови и простори за социјализација и активности.

Покрај тоа што Градот ќе обезбеди субвенции за сместување во пензионерски домови, ќе понуди и дополнителна поддршка за младите брачни парови, за да им се олесни грижата за постарите членови на семејството и да се поттикне солидарноста меѓу генерациите.
„Скопје мора да биде град што се грижи за младите, за старите, за сите. Нашата визија е град кој гради решенија, не проблеми – град што им помага на луѓето да живеат достоинствено и спокојно,“ порача Трајановски.