Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Битолчанка измамена за сума од околу 27 илјади евра со приказна дека ќерка и имала сообраќајка и треба да плати за операција

Постара битолчанка пријавила дека била измамена за сума од околу 27 илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постара битолчанка пријавила дека била измамена за сума од околу 27 илјади евра од лице кое телефонски и се претставило како лекар и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и треба да плати за да биде оперирана, информираат од МВР.

Случајот бил пријавен вчера во 12:34 часот во СВР Битола од 62-годишна жена од Битола.

– Жената пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена, се вели во полицискиот билтен. 

Реклама

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.