Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда попладне ќе престојува во Скопје, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. 

Пињо информира дека за време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.     

Својата годишна западнобалканскиа турнеја Фон дер Лајен ќе ја започне в понеделник од Тирана, каде ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан. 

Реклама

Истиот ден, Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ. Во вторник во Тиват претседателката на ЕК ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина. 

Од Тиват, Фон дер Лајен во вторник ќе отпатува за Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто. Истиот ден, таа ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.  

Работниот ден в среда Фон дер Лајен ќе го започне во Белград каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Аребен Курти. 

Од Приштина, Фон дер Лајен в среда попладне ќе отпатува за Скопје, што ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.   

Како што соопшти Европската комисија, оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан. 

Оваа е петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, што, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската унија.