Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Апел од Народниот правобранител за заштита на децата од политичка злоупотреба на изборите 2025

Народниот правобранител, преку Одделот за заштита на правата на детето и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народниот правобранител, преку Одделот за заштита на правата на детето и на лицата со попреченост, упати јавен апел до сите учесници во Локалните избори 2025 да се воздржат од вклучување деца во политички активности.

-Вклучувањето на децата во какви било политички активности, претставува неприфатлива форма на инструментализација на детето и повреда на неговото достоинство и правото на заштита од политичко влијание, гарантирано со Конвенцијата за правата на детето, Законот за заштита на децата, како и Изборниот законик, кој предвидува дека учесниците во изборната кампања се должни да постапуваат во согласност со принципите на етичко и одговорно однесување, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител укажува дека децата не смеат да бидат користени за промоција на политички партии, кандидати или програми, ниту да се појавуваат во спотови, јавни настапи или промотивни материјали во контекст на кампања.

Реклама

Во таа насока, Народниот правобранител апелира сите учесници во изборниот процес да се воздржат од каква било присутност или појавување на деца во нивните кампањи, и ги охрабрува родителите и јавноста да пријават вакви случаи до Народниот правобранител или надлежните органи, со цел заштита на правата и достоинството на децата.

Народниот правобранител ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе постапува по сите информации или претставки кои се однесуваат на можни повреди на правата на детето во изборниот процес.

Потсетувајќи на можноста за пријавување повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, Народниот правобранител потенцира дека секое дете има право да биде заштитено од политички влијанија и злоупотреби, па во таа насока политичката борба меѓу возрасните не смее да се води преку децата.