Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалничка за општина „Кисела Вода“ од редовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалничка за општина „Кисела Вода“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во изминатите четири години во Кисела Вода се работи за народот, а не за личните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Промените се гледаат и сите ние ги чувствуваме, затоа што изминатите 4 години во Кисела Вода се работеше за народот, а не за личните интереси, Кисела Вода станува општина каде што се живее убаво не само во урбаните места, туку во секое маало, во секој дом. Можеме уште, знаеме како и решени сме да продолжиме. Затоа заедно, со поддршка од владата и премиерот Мицкоски, со идниот градоначалник на Град Скопје Орце, да продолжиме да ја градиме Кисела Вода“, рече Стаменкоска Трајкоска. 

Таа исто така наброи дел од проектите на изборната програма. 

Реклама

„Реконструкција на месните заедници во Драчево и Пинтија, во Припор- канализација Бабин Дол, осветлување на патот кон манастирот Пеленица, подземна инфраструктура, пешачко-велосипедска патека- обиколка на Кисела Вода, спортска сала во подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ и во Кузман Шапкарев, доградба на основното училиште ,,Невена Георгиева – Дуња“, пробивање и целосна реконструкција на земјениот пат на делницата од мостот на Маркова Река до патот за Лисиче кај фабриката Охис, нов алтернативен пат за побрза комуникација со центарот на градот. Реконструкција на улиците во Бирарија, Пинтија, село Драчево, улиците во централниот дел на општината“, истакна Стаменкоска Трајкоска. 

Стаменкоска Трајкоска исто така потенцираше дека општината ќе продолжи да инвестира во образованието, поддршката и развој на спортот, пензионерите и поддршка на традиционалните културни настани. 

„Не запираме тука, заедно ќе продолжиме да инвестираме во образованието и во младите во општината, со уредување на подните површини и уредување на училишните дворови, секако и во градинките. Продолжуваме со поддршка и развој на спортот за општина со здрави навики, да го зголемуваме бројот на наградени спортисти што се дел од општина Кисела Вода. Со поддршка на традиционалните културни настани, дополнително ќе ја збогатиме програмата со нови фестивали КИСЕЛКО- за најмладите и БИРА ФЕСТ во Бирарија каде се наоѓала првата пивска фабрика во регионот. Има уште многу нови проекти за Кисела Вода, за сите нас, за твоето место, за твојата иднина , продолжуваме да ги поддржуваме пензионерите со најниски примања, со реконструкција на пензионерските клубови да создаваме можности за нивно дружење и активно вклучување во заедницата. Зошто пензионерите ни се битна поддршка, зошто само сите генерации заедно како тим можеме да успееме“ посочи Стаменкоска Трајкоска. 

На крајот Стаменкоска Трајкоска повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9. 

„Направете го вистинскиот избор, за Кисела Вода каква што сите ја посакуваме. Со заокружување на бројот 9, започнатите промени да продолжат“.