Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник за општина „Илинден“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник за општина „Илинден“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во општина Илинден, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја подобривме инфраструктурата, изградивме фекални канализации и ја модернизиравме водоводната мрежа. Јавните комунални претпријатија добија современа механизација и зголемен возен парк, за полесно да ги извршуваат своите обврски кон граѓаните на Илинден, бидејќи нашите граѓани заслужуваат современи услови за живеење. Илинден, е финансиски стабилна општина без долгови“, рече Георгиевски.

Георгиевски истакна дел од проектите на изборната програма. 

Реклама

„Ќе изградиме и реконструираме над 15км главни и локални улици и патишта низ сите локални места, ќе изградиме и реконструираме најмалку 5 локални моста, ќе продолжиме со изградба на пешачки и велосипедски патеки, како и со проектот светла општина Илинден каде што предвидуваме поставување на нови линии на улично осветлување, во делот на образованието, ќе продолжиме со инвестиции во инфраструктурата на нашите училишта, во рамки на основното училиште „Гоце Делчев“ ќе изградиме нова училишна зграда која ќе обезбеди современи и безбедни услови за учење, исто така, ќе изградиме и нова спортска сала во основното училиште „Браќа Миладиновци“ која ќе обезбеди современ простор за физичко образование, спортски активности и рекреација, во овој дел, важно е да се спомене и финансиската поддршка за секое ново прваче која за прв пат ќе ја доделиме со почеток од новата учебна година, на новиот мандат, ќе изградиме нова градинка“, истакна Георгиевски.

Георгиевски исто така го истакна еден од најзначајните проекти и тоа отворањето на полициска станица, која ќе обезбеди безбедна и мирна животна средина за сите граѓани.

„Како дел од нашите напори за зајакнување на јавниот ред и мир, ќе отвориме полициска станица, оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, конечно оваа година со промена на законските регулативи овозможи отворање на полициска станица од општа надлежност во Илинден. Оваа полициска станица ќе овозможи побрза и поефикасна реакција на полицијата, како и поголема присутност во заедницата, што ќе создаде безбедна и мирна животна средина за сите граѓани“, рече Георгиевски. На крај Георгиевски повика граѓаните да изберат чесност и посветена работа и да го заокружат бројот 9.

„Да излеземе масовно и сплотено на 19 октомври и да гласаме за бројот 9, за градоначалник и советничка листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за да продолжиме со работа, проекти и развој на Општина Илинден. Да избереме чесност, одговорност и посветена работа! Да направиме вистински избор, избор за Илинден  за нашето место и за нашата иднина“, дециден е Георгиевски.