Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Османи: Економски мерки за млади и за жени – субвенции, грантови и школа за претприемачки

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција на улицата позната како „Пластичарска“, каде што заедно со кандидатите за советници разговараше со сопственици на дуќани и им ја претстави програмата во делот на економските мерки. Фокусот, како што истакна, е ставен на младите и жените како носители на локалниот економски развој, наведува тимот на Османи во соопштение. 

„Чаир е можеби најгусто населената општина во Европа, со 80.000 жители на само 3,5 квадратни километри, од кои повеќе од 14% се млади под 30 години. Затоа е многу важно да се создаде економска перспектива за оваа генерација, преку нивното економско ангажирање и поддршка“, изјави Османи.

Тој најави формирање на Центар за иновации и бизнис, кој ќе им овозможи на младите претприемачи советодавна и техничка поддршка за развој на нивните идеи и старт-ап иницијативи.

Реклама

„Општината ќе формира центар на експерти за да им помогне на младите со нивните идеи, со развојот на нивните претприемачки иницијативи и мали бизниси“, рече Османи.

Во рамките на програмата, предвидени се субвенции за младите што ќе започнат сопствен бизнис, како и грантови за првите плати на фирмите што ќе вработуваат млади лица.

Посебен дел од економската програма е наменет за економското зајакнување на жените. Османи најави создавање на прва школа или академија за жени во занаетчиство, каде што учесничките ќе стекнат сертификати за отворање сопствени бизниси.

„Општината ќе ги субвенционира тие бизниси, затоа што жените мора да добијат можност да станат активен дел од локалната економија на Чаир“, нагласи Османи.

Тој најави и формирање на Економско-социјален совет кој еднаш месечно ќе ги обединува општината, бизнис заедницата и младинските организации за да ја дефинираат стратегијата за понатамошен локален развој.

„Ова е дел од пакетот што сигурно ќе го реализираме. Но за вистински економски напредок, треба да го отвориме патот кон Европската Унија и европските фондови, кои се клуч за нова економска енергија во општината“, истакна Османи.

Тој посочи дека за да има локален економски развој потребено е и национален економски развој, нешто што во моментов не се случува заради лошото водење на надворешната и економската политика од страна на владата.

„Но, не може да се започне ниту еден проект без да се зборува за единствената перспектива што им дава шанса на младите, што ѝ дава шанса на државата. А тоа е интеграцијата во Европската унија. Знаете дека пред пет месеци ја оставивме земјата со започнати преговори со ЕУ. Сега, таа перспектива е целосно блокирана. Таа повеќе не е дел од јавната дебата. Никој веќе не зборува за европската иднина. Стотици милиони евра од фондовите на ЕУ, кои денес ги користат Албанија, Црна Гора и земјите од регионот, Македонија не ги користи. Самата блокада на патот кон интеграциите направи странските инвеститори веќе да немаат интерес за оваа земја“, потенцираше Османи.