Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Во спроведената претходна постапка, како што наведуваат од Обвинителството, обезбедени се докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.

– На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот, стои во соопштението од Јавното обвинителство.