Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

Припадници на СВР Куманово ја лишиле од слобода сопругата на лекарот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадници на СВР Куманово ја лишиле од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово.

Како што соопшти МВР, на ден 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.

-Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство,  по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава, стои во соопштението на МВР.

Реклама

Повредениот е З.Ш. лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и е носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори. Вчера ЈОРСМ соопшти дека првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности.