Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

По подолг период на месечно ниво имаме тренд на намалување на инфлацијата – годишната во септември е намалена на 4 %

Инфлацијата продолжува да забавува. На годинишно ново, инфлацијата за само еден месец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата продолжува да забавува. На годинишно ново, инфлацијата за само еден месец од 4,4 отсто сега изнесува рамно 4 проценти. Добрат вест што ја објави стастистика трошоците на живот во септември во однос на август се намалени за 0,2 проценти. Ова покажува дека трендот забавува односно се случува стабилизација. Анализите покажуваат дека на инфлацијата најмногу влијаат цените на алкохолот, цигарите и наркотиците кај кои има зголемување од 2,8 отсто. Потоа следуваат комуникациите со 1,8 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата кои поскапеле 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %. 

Охрабрува податокот дека во септември се намалиле трошоците во делот на транспортот, рестораните и хотелите, како и храната и пијалоците.

  • „Намалувањето на инфл цацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %“ стои во извештајот на Државниот завод за статистика. . 

Трошоците  во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Цените пак на мало бележат пад од 0,7 отсто.

Реклама
  • „Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3 “ стои во извештајот на Државниот завод за статистика. 

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.     

Стабилизацијата на цените и враќање на инфлацијата во нормални рамки почна пред извесен период. На годишна основа, инфлацијата од јули кога беше 4,8 проценти, падна на 4,4 отсто, а сега изнесува 4 проценти. Очекувањата на Владата овој тренд да продолжи.