Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Тоневски: Субвенции за нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени. Денешното време носи нови предизвици, но и нови можности. Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, стои во соопштението за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип Тони Тоневски.

Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.

Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот.

Реклама

Токму затоа, во сите станбени згради ќе направиме целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе поставиме нови хидранти каде што има потреба. Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина. Направи го вистинскиот избор, за тебе, за твоето место, за твојата иднина!