Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ристески: Гласајте за број 9 повторно заедно да ја продолжиме успешната приказна за Македонски Брод

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, се обрати денес на народниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

,, Македонски Брод е нашата емоција, нашето минато, нашата иднина, но и нашата сегашност. Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради. Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме со вас, програма која има конкретни и реални проекти. Почитувани  јас во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку само чесна работа и остварливи и реални проекти“, рече Ристески.

Ристески истакна дека фокусот ќе биде ставен на реални проекти, како и нови можности за младите, како и за инфраструктурни подобрувања. Тој додаде дека ќе се посвети на локалниот економски развој:

Реклама

,,Ќе отвориме нови можности за младите. Ќе продолжиме со инфраструктурни проекти, социјална поддршка на сите категории, локален економски развој“, кажа Ристески и додаде:

,,Ветувам,комплетна реконструкција и изграба на сите локални патишта „Здрава храна за секое дете“ , повторно пуштање во употреба на училишната кујна. Субвенционирање за возачки испит за секој средношколец кој ќе дипломира во нашето средно училиште. Доделување на стипендија за студенти кои завршиле во нашето училиште и се запишале на високо образование во делот на туризам. Организиран бесплатен превоз за децата во детската градинка. Реконструкција на средното училиште , ученичкиот дом, детската градинка со енергетско ефикасни материјали и поставување на фотоволтаична централа. Реконструкција, реставрација и уредување на речното корито на реката Треска во долж централното градско подрачје во Македонски Брод“.

Ристески апелираше до граѓаните да продолжат со поддршката за развој на Македонски Брод, и ги повика да гласаат за број 9.

,, Ве повикувам да продолжиме заедно. А, не  да прекинеме таму каде што започнавме. На 19 октомври сите масовно да излеземе и да гласаме. За нашиот Македонски Брод за бројот 9 , бројот 9 за градоначалник, број 9 за советничката листа , број 9 за нашата Македонија. За нашето, твоето место, за нашата заедничка иднина, за проекти, за развој на општина Македонски Брод“, заклучи Ристески.