Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Во ОИК Штип започна пријавувањето за гласање од дома, рокот истекува на 10 октомври

Пристигнати се десеттина барања од болни и изнемоштени лица, кои сакаат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристигнати се десеттина барања од болни и изнемоштени лица, кои сакаат да го искористат своето право на глас во домашни услови, изјави претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој посочи дека пријавувањето е во тек, а треба да заврши на полноќ на 10 октомври.

-Тоа е денот кога Општинската изборна комисија ќе има дежурство до 24 часот, на полноќ, а од денеска, па се до четврток ОИК – Штип ќе работи од 9 до 21 часот, заради примање на ваквиот тип на гласање, вели Вацев.

Тој додава дека условите за пријавување на болните и немоќни лица за гласање во домашни услови на 18 октомври се согласно Правилникот од Државната изборна комисија, односно мора да имаат потврда – извештај од лекар на медицина-специјалист, не од матичен лекари, како и валидно решение за користење на туѓа нега или валидно решение за мобилност. Документите, лична карта во копија на болното или немоќно лице, како и на пријавителот, ги приложуваат до ОИК или во електронска форма.

Реклама

Болните и немоќни лица, како и осудените лица низ Казнено-поправните установи во земјата гласаат ден пред изборите, или на овие Локални избори своето право на глас ќе го искористат на 18 октомври.

Вацев додава дека во тек се и обуките за членовите на Ибирачките одбори, досега се одржани 20 обуки, а остануваат уште седум обуки, кои ќе се организираат во текот на оваа недела.